Кучето караман сè уште го чека своето светско признавање како македонска раса

Описание к видео Кучето караман сè уште го чека своето светско признавање како македонска раса

Кучето караман сè уште го чека своето светско признавање како автохтона македонска раса.
За разлика од шарпланинецот, кој се води и како српска раса, караманот е само македонско расно куче, велат кинолозите кои повеќе од една деценија водат битка за негово светско признавање.

За разлика од шарпланинецот, кој се води и како српска раса, караманот е исклучително македонско расно куче, велат кинолозите.

„Се води како овчарско куче, но е многу приврзано за фамилијата, одличен чувар е, но од друга страна, пак, има многу смирен карактер. Не напаѓа без никаква причина“, објаснува Даниел Колевски, сопственик на куче од расата караман.

Според истражувањата на кинолозите, караманот е стара раса македонско куче кое со векови било присутно на планините како чувар на домашните стада. Било насликано и на фреска од 1191 година во црквата „Св. Ѓорѓи“ во манастирот кај Курбиново.

Повеќе на: https://mk.voanews.com/a/chuvar-na-st...


Автор: Тоше Огњанов

Комментарии

Информация по комментариям в разработке