Видео:
Режија, анимација и постпродукција: Антонио Аранѓеловиќ
Аудио:
Музика и аранжман: Тонио Сан
Микс и мастер: Милан Симовски
Позадински вокали на рефрен: Балтик
Текст: Тонио Сан
/ tonyosanofficial
Текст:
Бачор:
R.N.S. беше еднаш на времето верен на теренот,
рокаше самоуверено со интерес,
закоравен ко Пинтерес е ден - денес,
за постарите фаци класик како Мустафа и Мес на SNES,
како СуперСоникс дрес, ко плазма вкусна кекс,
а за младите сум бајат како Вајат Ерп,
па станав мит, од рапот стана сит светов,
видено клишето, почна нов бран, а ја' ко стар дедо,
имам ли квар некој? Затворен со гард,
немој не се качувај на грбаче, па ми се ста'и секој,
едвај чекам во пензија да бидам раат,
знаат сите колку траам, а се пра'ат „не знам“...
Мачорот:
Извини ме стари, те слушам, уствари се чудам и велам
па види го прво што кажува, дали те фатиле тебе будалите? Памет ти фали,
па зошто се повлече без да им кажеш на сите работите како ли стојат?
па зарем ќе заминеш, без да ги занемеш лагите преку вистината твоја?
Па види ги денес, копиљаците зборат како си зарѓал,
те дупат со „R.N.S. верен на теренот“-секој пат си се повторувал,
па кажи ми дека дозволуваш да те озборува некој ко нив?
Ало, разбуди го духот на самурај, уби ги, коли ги, влези во биф!!!
Бачорот:
Уоу, уоу, уоу... полека, полека... на што личи ова?
не може така да се понашаш, па види во кое си доба,
не ти ни личи на годините, смири се, пичи, па вдиши,
остај ги луѓе се, си зборат, секој со своите грижи...
Мачорот:
Ти па навистина стари си откачил и стварно па може ќе треба
да си отидеш од рапот чим сакаш да бидеш тивок во целата врева,
го кревам и товарот твој на грбаче мој, па идеме ајде во бој,
а кој ли ти е битов? Дај не ме дупи и смени го, кој е овој?
Бачорот:
Види, пчелата никад нема да губи од времето своеволно,
за да и објасни на мувата дека медот е боље од гомно,
мора да научиш дека луѓето нејќат да ги поправаш,
дозволи им да погрешат, да сомнежат и одлежат,
научи да бидеш трпелив, не суди ги,
кармата има план за тебе, за мене и за нив,
како млад влезе во биф, а сега би го пишал ли тој стих?
знам дека ти си пацифист, одбираш мир.
Мачорот:
Опасен си стари, па чекај не збориме сега за тоа што било,
па се е како што треба да биде, па нешто е право, а нешто е криво,
така се градиме, заеби порано збориме сега за денес,
а како ли може да збориш за пензија? Сега си во своето најбољи време,
имаш енергија за минимум 5-6 албуми,
сега си својата најбољи верзија, римите пуни ги, пукај ги ко да се чаури,
земи наљути се, покажи заби, па не мора ни да ги повредиш
само заплаши ги, па не бива ниту да бидеш и премногу фин,
па нели јин и јанг ли? или катаната ти е во корици врзана?
зборуваш мудрости, еве ти мудрост слушни ја,
дури и најцврстиот меч од вода и сол зарѓува,
катаната неупотребена ти скапува ја снемува...
Бачорот:
Да имаш меч во рака треба да си храбар стварно,
а да не го употребиш бара уште поише храброст,
човек треба да знае кога е време да си оди,
семката само закопана нов плод ќе ти роди.
Рефрен:
R.N.S. верен е пак на теренот Тонио Сан,
пред да отидам во мрак, да развалам се двоумам...
Или да бидам под зрак, да оставам да сфатиш сам,
да заминам од овој град, од рат во рап ветеран...
Информация по комментариям в разработке