Копачка Драмче, Димитар Узунски со песната „Останахме с,тата беќаре и двата“

Описание к видео Копачка Драмче, Димитар Узунски со песната „Останахме с,тата беќаре и двата“

Димитар Узунски е македноски народен уметник од Пијанец. Целиот свој живот го посветил на автохтоноста на овој народ. Неговиот обем на делување е од: изведба на пијечки изворни песни (над 40 тина); снимање на емисии за Радио Делчево „Од фолклорното богатство на ПИјанец“ (над 200); раководење на ФГ КОПАЧКА с. Драмче Делчево (над 50 г); учествува на фестивали во земјата и странство... Неговата заслуга е огромна во негувањето на македонскиот фолклор. Особено е огромен доприносот за впишувањето на единственото оро од Македонија, орото Копачката во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. Неговите следбеници и носители на ова светско културно наследство даваат завет дека ќе се грижат за одржливоста на пијанечкиот изворен фолклор. Песната е изведена на „Ехо на дамарите“- „Илинденски денови 2015“ Битола

Комментарии

Информация по комментариям в разработке