„Песна за Свети Јоаникиј Ракотински“ - Марјан Јанкоски и „Портал“

Описание к видео „Песна за Свети Јоаникиј Ракотински“ - Марјан Јанкоски и „Портал“

Композицијата „Песна за Свети Јоаникиј Ракотински“ e комплетно авторско дело на Марјан Јанкоски.
Оваа песна е дел од низата композиции кои Марјан и музичкиот состав „Портал“ ги создаваат во чест на Христа Бога, Пресвета Богородица, на македонските и сеправославни христијански светители и светителки, во Слава на Бога и за полза на луѓето. Напишана и посветена е во чест на преп. Јоаникиј Ракотински, жителите на Ракотинци (о. Сопиште, Скопје), како и на целиот верен македонски православен народ.

Учесници: Музички состав „Портал“:
Сашко Петрев - тамбура, Марјан Јанкоски - кавал, Иле Колев - кларинет, Елена Ѓоргиевска - виолини, Златко Панов - виола, Стојанче Наумовски - виолончело.

Машки вокали: Членовите на музичкиот состав „Портал“: Ангеле, Марјан, Сашко, Златко, Иле и Стојанче.
Женски вокал: Елена Ѓоргиевска
Детски вокали: Марија, Бисера, Теодора и Теодосија.

Композицијата е снимана во музичкото студио „Кларион“ во Скопје 2023г.
Музички продуцент: Дејан Ангелевски

Комментарии

Информация по комментариям в разработке