EP ZA JANE SANDANSKI

Описание к видео EP ZA JANE SANDANSKI

Епот за Јане Сандански е подолга верзија на песната за Јане Сандански. Во неа се опеани дел од животните моменти на Јанета, кои станаа историја на Македонија.
Песната е долга, но долга е и борбата на македонскиот роб за својата слобода и независност. Борбата на Јане е историја на македонскиот народ.

За подетални информации посетете ја страната www.sandanisti.org каде има подетален осврт на историските моменти опеани во песната.

Во видеото се користени сцени од филмот „Мис Стон" од 1957 година.

Текст на Епот за Јане Сандански

Роден како слугинче
роден како кмет
Ај, да Бог да не бидеш
роб на овој свет

Грабна пушка замина
Пирин планина
Ај на Пирина собра
верна дружина

До што беше чука
бука пиринска
Ај стана јатак верен
стана бусија

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински

Деветсто и третата
врви замина
Ај верен Тодор Паница
душман убива

Од Ќемала Ата
во 'Урието'
Ај побарува Јане
Афтономија

Падна Серез, Кукуш
падна Кавала
Ај дванајсетта Јане
в' Солун влегува

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински

Сред Солуна Јане
збори говори
"Ај тргајте лавчињата
од капчињата"

Една има само
Македонија
Само Македонци
ќе ја ослободат

На Пирина лежи
ранет Сандански
Од душмани клетите
предавници

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински

Зошто грми Пиринот
плаче Вардарот
Ај зошто црни далги
фрла Егејот

Од три страни соколи
носат аманет
Порачува Јане
на целиот свет

Синови и ќерки
земја ќе роди
Ај земја Македонска
да се ослободи

Е, еееееејјј
Јане море Сандански
Јане Сандански
Царот Пирински


Композитор: Златко Ориѓански
Текст: Звонко Шаврески
Благојче Трајковски - кларинет
Душко Божиновски - армоника
Илија Филиповски - виолина
Зоран Ристевски - ударни
Снимено во Целофан продукција - Зоран Рудан - Цеки
Дизајн: Огнен Фидановски
Техничка поддршка: Елена Кочоска
Извршен продуцент: Звонко Шаврески
Видео продукција: ОЗ - Дизајн

Комментарии

Информация по комментариям в разработке