Foltz - Genocid (Official Video)

Описание к видео Foltz - Genocid (Official Video)

Artist: Foltz
Aranzhman, Mix & Mastering: Luka Rap Pozitiv
Camera: Shac Produkcija & Angela Stojkovska
Video obrabotka: Angela Stojkovska;

Lyrics:
Жално некој во судбина верува, во богот и судниот ден
Во вакцината пишан е датум ако ти измине рокот е крај
Вишок си ти, вишок е тој, вишок се тие се пролева крв
лист камен ножички кој да е прв, бираме кој да е прв

Јасно треба да намалат број, сами оставаат дупки во закон,
пак убиство надвор, секад убијците надвор а други во затвор
Глумиме запад големите риби се мали, а не се ни битни помалите
а ние, ко да сме зомби добиле наредба пукај во младите

Најди не таму по клупи во паркот, додека сами го пушиме грасот,
додека воздухот пун е со гасови, гледаме како ни умира градот
Плуќите суви ко барут, луѓево хумани глумат во залуд
еби ги таквите исти мозоков само за правите блиски стабилен мисли


Ова е тумор во младост, ова се моќта и слабост,
ова е борба за превласт, ова сме јас и ти ова е падот
Ова е тумор во младост, ова се моќта и слабост,
ова е борба за превласт, ова сме јас и ти ова е крајот


Целата нација чека на легализација, наводно ќе вегетира
Дали си сигурен дека сме сигурни кога полиција те рекетира
Не сме ли доволно доле, симнати доле ко торент?
перење пари? Не - перење мозок е боље

Народов не збори, не гледа, не слуша, може да биде разговорот преслушан
Тука во земја на чудата, не познат близок ,а блискиот не познат
Во гради се лупаме самите додека други по рамо не тапкаат
тапкаме затоа, чим евтино сакаме скупо ќе платиме за тоа

Мразиме лаги, а лажеме дека се вистина лагите нивни
ние сме најбитни цигли за небитен ѕид, сепак за тоа сме самите криви
Кажи ми дали те плаши дека нé редат ко тетрис
Сé ќе се среди, не се секирај и гледај си нетфликс


Ова не е хумор ова е сатира, залуден трудот не реагираш
ко риба на суво си брутално закопан трупот реаниримиран
Ова не е хумор ова е сатира, залуден трудот не реагираме
риба на суво сме брутално закопан трупот реанимиран е

×4
Генот прави геније, геније прави геноцид

Комментарии

Информация по комментариям в разработке