ВОДАРКИ (Б. Велевски / Д. М. Алесков – Ѓ. Димчевски / орк. Д. Илиевски)

Описание к видео ВОДАРКИ (Б. Велевски / Д. М. Алесков – Ѓ. Димчевски / орк. Д. Илиевски)

ФОЛКЛОРНО-КЛАСИЧНА СИМБИОЗА
14.12.2023
ТАНЕЦ и НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ

За прв пат во македонската понова историја, Танец и Националната опера и балет ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. „Фолклорно-класична симбиоза“ е заеднички проект на големите ансамбли на Танец и Националната опера, замислен како музичка фузија на две различни традиции - класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат во наследство уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво. Овој музичко-сценски спектакл се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори Ѓурѓица Дашиќ и Гоце Цоневски.

НУ ТАНЕЦ
м-р Мартин Вучиќ, директор
м-р Бранка Костиќ – Марковиќ, уметнички раководител на сценско-уметничка дејност
м-р Дарко Илиевски, уметнички раководител на оркестар
м-р Гоце Цоневски, уметнички раководител на хор
Јовица Блажевски, уметнички раководител на играорен кор

Весна Митоска, асистент на играорен кор:
Светлана Ќириќ, стручен соработник во сценско-уметничка дејност

НУ НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
м-р Васо Ристов, генерален директор
м-р Дејан Прошев, уметнички раководител на опера
м-р Олга Панго, уметнички раководител на балет
Бисера Чадловска - диригент
Ѓурѓица Стојчевска Дашиќ - хор мајстори

Горан Кочишки, раководител на сценска техника
м-р Евица Тасеска Каранфилова, програмски раководител
Бурхан Дибрани, раководител на сектор маркетинг

ПРОДУКЦИЈА
Тон-мајстор: Љупчо Соколовски
Сценска расвета и звук: ДВД Рентал
Снимање, монтажа и продуција: Мунлајт ТВ и филмска продукција

Проектот е поддржан од Министерство за култура на РС Македонија

Комментарии

Информация по комментариям в разработке