Кој го гради грандиозниот парк во Зајас | Мобилна редакција | ИРЛ

Описание к видео Кој го гради грандиозниот парк во Зајас | Мобилна редакција | ИРЛ

Ќе се гради со општински и државни пари, а изведувач е фирма на пријател на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Документите кои што ги прибра ИРЛ покажуваат дека власта со леснотија доделила половина милион евра на проект испишан на половина страница, со апсурдни образложенија и многу промашени букви. Градоначалникот Фатмир Дехари тврди дека предлогот бил на жителите, но жителите велат дека не сакаат парк, туку пристап до основните сервиси како пат, вода, канализација и болница.

Кликнете на CC во менито за албански превод.

Ова видео е дел од проектот на ИРЛ „Мобилна редакција“:

Тимот на ИРЛ одлучи да интервенира во областите каде што нема медиуми или се под притисок и каде што граѓаните не можат да добијат гласност за своите проблеми во сферата на доброто владеење. За да успееме целосно да се интегрираме и да стекнеме длабинско разбирање за жителите, нивните предизвици, грижи и борби, нашиот тим пред четири години за прв пат ја пресели редакцијата во Охрид, па потоа во Крива Паланка и во 2023 година поминавме повеќе од еден месец живеејќи во Кичево каде со помош на кичевчани истражувавме локални злоупотреби кои имаат национални последици.

Читајте повеќе на: https://irl.mk/mobilna-redakci-a-kich...

Следете нè на социјалните мрежи:

Facebook -   / irlmacedonia  
Twitter -   / irlmacedonia  
Instagram -   / irlmacedonia  
YouTube -    / irlmacedonia  

#МобилнаРедакција #ИРЛ

Комментарии

Информация по комментариям в разработке