ВЕЧНИОТ БОГ- С.ВЕЛГОШТИ

Описание к видео ВЕЧНИОТ БОГ- С.ВЕЛГОШТИ

Видео спот за песната „Вечниот Бог“ во изведба на црковниот хор на децата од село Велгошти Охрид. Спотот е снимен во село Велгошти по повод бадниковата манифестација „Бадникови поворки“

Голема благодарност до црковниот одбор на Село Велгошти
Трајче Кочески
Кате Граждани
Ангеле Бошкоски
Општина Охрид
Посебна благодарност до градоначалникот на Охрид
Проф. Д-р Јован Стојаноски
Видео - Монтажа и Режија:
Љушев Томе (Шпанец)
Љушев Кристијан

Музика
Аранжман: Кристина Шокароска
Сена Заде (ELEVEN)

Тон мајстор: Александар Јосифовски

ТЕКСТ:

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Мудреци од Исток доаѓаат,
дарови да принесат достојни;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;

О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке