Тигрите бестрашни кога се спасуваат животи

Описание к видео Тигрите бестрашни кога се спасуваат животи

Хеликоптерот на МВР полн со специјалци се појави од зад падината на Водно за да спаси неколку лица заглавени на скопската жичница. Без трошка страв, полициските тигри се спуштија од леталото и се качија на најблискиот столб до заглавените кабини. По јажињата стигнаа со кабините, ги обезбедија и прегледаа заглавените лица и со јажиња безбедно ги спуштија долу. Тешко повреденото лице беше со лешалка качено на хеликоптерот.
Друго заглавено лице, на непристапен терен, беше извлечено директно од кабината на жичницата во хеликоптерот. Еден припадник на специјалната единица влезе во кабината, го обезбеди и прикачи заглавеното лице на јаже и сајла и потоа беа извлечени нагоре.
Ова се случуваше денеска на скопско Водно, но само за да ни покаже како би изгледало нашето спасување доколку останеме заглавени на некоја жичара. Спасувачката акција беше дел од показните алпинистички вежби кои ги изведоа припадниците на специјалната единица на МВР во рамки на одбележувањето на денот на полицијата.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке