Женско здравје: RED-S синдром | Wellcast 32

Описание к видео Женско здравје: RED-S синдром | Wellcast 32

Девојки и жени – дали сте слушнале за RED-S синдромот? Ако активно или професионално се занимавате со спорт, оваа епизода не смеете да ја пропуштите.

Зборуваме за влијанието на циклусот на спортските перформанси, прекин на циклусот при пренапорни тренинзи, последиците од ненавременото третирање на овие проблеми и третманите за надминување на истите.

На гости ни е Виолета Николов, специјалист гинеколог во клиниката Жан Митрев. Виолета има мисија да ја подигне свеста за овој проблем во женскиот спорт и активно работи на едукација на жените спортистки и нивните тренери. Затоа дури и ако не сте спортски активни, ислушајте го разговорот за да можете некому да помогнете (со информација) доколку забележите некои од знаците што ги посочуваме во разговорот.

0:00 Вовед
04:04 Спортска гинекологија
06:22 Што е тоа RED-S синдром?
10:01 Симптомите на RED-S синдромот – што е првиот знак?
14:03 Каде да се обратам за дијагностицирање на RED-S синдром?
18:11 Колку тренерите знаат за RED-S синдромот?
20:04 Јапонската пливачка што се охрабри да зборува за влијанието на менструацијата на спортските перформанси
21:27 Прекин на циклус при интензивни тренинзи
26:52 Што може да предизвика дефицит на нутриенти при големи напори?
28:22 Разлики меѓу претренираност и RED-S синдромот
29:30 Начин на справување со RED-S синдромот
31:23 Превенцијата е најдобар лек – секоја спортистка треба да се едуцира
33:42 Најлесни знаци за препознавање на претренираност
35:33 Хормонален дисбаланс и физичка активност
41:15 Бременост и физичка активност
43:29 Физичка активност и остеопороза во менопауза
45:33 Полицистични јајници и физичка активност
47:59 Дали за RED-S синдромот се зборува во образованието?
50:12 Има ли гинеколошки прегледи во спортската медицина?
57:08 Препораки за новите генерации на жени спортисти

Комментарии

Информация по комментариям в разработке