Костур (Егејска Македонија)

Описание к видео Костур (Егејска Македонија)

Костур е град во западниот дел на Егејска Македонија, од 1913 година дел од Грција. Градот се наоѓа на брегот на Костурското Езеро во планинскиот крај на масивот на планинскиот венец на Грамошта.

Во градот и околината денес живее помал дел на македонско население кое до Граѓанската војна во Грција (1945 - 1949) било доминантно мнозинство во градот и околината.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костурската каза имало 51.123 Македонци, 9.590 Грци, 4.280 Власи, 3.925 Турци и др.

Етнички состав на Костурскиот Округ во 2011 година, според MacedonianMaps: 13.685 Грци домородни, 11.873 Македонци, 11.335 Грци дојденци (од размената на население со Турција), 8.391 Гркомани (Погрчени Македонци), 4.167 Власи, 1.300 Караманлии и др.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке