Ревија на народни носии и изведба на песни и ора од етнички предел Леринско поле „Моштенки“

Описание к видео Ревија на народни носии и изведба на песни и ора од етнички предел Леринско поле „Моштенки“

Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, беше реализиран проектот „Моштенки“ на нашиот гардеробер Филип Јаковлевски.
Наратор на проектот беше нашата Д-р Силвана Петрова Насух.
Хронолошки беа прикажани народни носии од Леринско поле од крајот на XIX век до средината на XX век.
Музичкиот арнажман на сценската адаптација е дело на нашиот раководител на оркестар Славе Наумовски Чапче.
Особена чест на вечерта беше присуството на проф. Ѓорѓи Лазаревски кој прикажа историски факти за моштените.
Дизајнот на плакатот и флаерите го изработи нашиот член Андријана Трајкова.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке