Kremenadli vo sos od senf | Hrana i Vino MKD

Описание к видео Kremenadli vo sos od senf | Hrana i Vino MKD

КРЕМЕНАДЛИ ВО СОС СО СЕНФ

за 4 лица

4 свински кременадли од врат
500 г домати
200 мл бело вино
100 г брашно
1 врзоп магдонос
7 чешниња лук
4-5 ловорови листови
2 лажици сенф
2 лажици мешан зачин К+
1 лажица шеќер
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 60– минути.

Кременадлите ги посолуваме, и ги наросуваме со мелен црн пипер и со 1 лажица мешан зачин К+. Ги набрашнуваме и ги ставаме во огноотпорен сад, намрсен со масло.
Доматите ги сечеме на половина и на крупната страна од рендето ги рендаме во длабок сад. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и зачинуваме со преостанатиот мешан зачин. Во садот ги додаваме шеќерот, чешнињата лук и ловоровите листови, и го промешуваме сосот со лажица. Го нанесуваме на кременадлите и попрскуваме со масло. Преливаме со виното и го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме 45 минути на 190 степени и го вадиме садот од рерна. Кременадлите ги вадиме од садот и ги ставаме на чинија. Во огноотпорниот сад го додаваме сенфот и го мешаме сосот со жица.
На чинија за сервирање скалесто ги редиме кременадлите. Врз нив нанесуваме од сосот со сенф. Дополнуваме со претходно испржени компири и декорираме со млади кромитчиња.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
   / @hranaivinomkd  
Follow us:
Facebook:   / hranaivino  

Комментарии

Информация по комментариям в разработке