Raspeani Debarcani Kicevjani Moskovjani

Описание к видео Raspeani Debarcani Kicevjani Moskovjani

Кичевјани, море, московјани,
дал' видовте, море, кој помина,
кој помина, море, кој замина?
- Поминаја, аго, заминаја,
комитите, аго, од кичевско,
од кичевско, аго, од дебарско.

Први беше, аго, што врвеше,
кара Павле, аго, Лазоровчев,
кара Павле, аго, Лазоровчев.
Втори беше, аго, што врвеше,
русо Наќе, аго, Лавчанчето,
русо Наќе, аго, Лавчанчето.

Трети беше, аго, што врвеше,
калеш Пејчин, аго, Галичанец,
калеш Пејчин, аго, Галичанец.
Вечераа, аго, рудо јагне,
и пред зори заминаа,
заминаја аго за Смилево.

Заминаа аго, за Смилево,
од Смилево, аго, за Крушево,
од Смилево, аго за Крушево.
Ќе ми дигат, аго, востание,
востание, аго, Илинденско,

Комментарии

Информация по комментариям в разработке