КАСАТО ТОРТА | ВКУСОТ НА ДЕТСТВОТО | KASATO TORTA

Описание к видео КАСАТО ТОРТА | ВКУСОТ НА ДЕТСТВОТО | KASATO TORTA

Одамна ја немав направено Касато тортата, мирисот и вкусот на моето детство. А се израдуваа и домашните. Одличен рецепт за млади домаќинки. Па, да почнеме 🙂

За овој рецепт потребно ви е:

800 гр бисквити
900 мл млеко
150 гр чоколадо за готвење
30 гр какао
250 гр шеќер
130 гр маргарин
100 гр суво грозје
150-200 гр ореви
300 гр желе бонбони
1 лажицa рум
1 лажиче ванила екстракт

Да зоврие млекото, се трга тенџерото настрана и се додава шеќерот, маргаринот, какаото, чоколадото, кршените бисквити, насечкани ореви, желе бонбони, сувото грозје, рум и ванила. Се мешаат убаво состојките и се префрла во тава. Треба да отстои 2-3 часа во фрижидер. Потоа одозгора се премачкува со матена хопла и 50 гр шеќер во прав(по желба).

Формата е ваша желба. Добар апетит!!!

#касатоторта #kasatotorta #comfortfood

#трошкаљубов

Комментарии

Информация по комментариям в разработке