о. Стефан Санџакоски за Калистрат Зографски

Описание к видео о. Стефан Санџакоски за Калистрат Зографски

КАЛИСТРАТ ЗОГРАФСКИ (КРСТАН САНЏАК)

Бележит игумен и архимандрит на општежителниот манастир Свети Григориј - Зограф на Света Гора Атонска. Роден е во 1830(?) година во Струга. Енциклопедиски образован и задлабочен подвижник, теолог, музиколог и филолог. До замонашувањето работел како професор по грчки јазик и црковно пеење. Во манастирот Зограф ги создал: музичкото училиште и преведувачкото, калиграфско-препишувачко училиште. Како блескотен теоретичар на византиската невматска музичка традиција, композитор и псалт од една страна, и одличен познавател на старогрчкиот, старословенскиот, новогрчкиот и романскиот јазик од друга страна, создавал несмртни музички дела и преводи. Со нив ги богател културните и цивилизациските силоси на православната икумена и на православниот македонски народ. Калистрат Зографски е можеби најдобриот познавател на византиската невматска лествица, создадена од славниот подвижник, композитор и псалт, Свети Јован Кукузел (XII век). Калистратовите транскрипции, на дел од кукузеловиот музички опус ќе останат запаметени како ненадминати. Автор е на базичната музичка литература "Восточно црковно пеење" во четири тома, отпечатено на Света Гора Атонска во 1905 година. Автор е на повеќе оргинални композиции. Најпознати се: евхаристисхиот канон "Отца и Сина..." и "Достојно ест" во повеќе гласови. Како редактор на зографската издавачка дејност и како брилијантен познавател на повеќе класични и живи јазици Калистрат Зографски, прв, ги преведува и ги печати службите на Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и Светите Седмочисленици, од старогрчки на црковнословенски јазик запишан во познатиот Масхополски кодекс. Уживал репутација, на уникатен зографски псалт. Се упокоил во зографската монашка киновија во 1914 година. Поради неговиот смирен, зеркателен и аскетски живот се смета за еден од најомилените духовници на Атонскиот манастир Зограф. Неговите мошти до денес се чуваат во зографската монашка костурница. Неговиот придонес кон музичките и филолошките науки е живо реактулизиран во современите научни кругови.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке