Македонски народни приказни - Кадијата и сиромавиот - 1988

Описание к видео Македонски народни приказни - Кадијата и сиромавиот - 1988

Драги пријатели!!! Се сметав за личност што знае се за приказни, тоа признание го добив и од самата Шенка, која во една прилика ме нарече енциклопедија за приказните! Да се знае толку многу, та како да сум присуствувал на самите снимања, иако тогаш не сум бил ни роден, а во некои од нив сум бил само дете...но навистина големината на овие актерски имиња кои ги споменуваме секојдневно на страницава имат вистинско значење! Снимале тогаш, а ние дури денес во 2017 година со голема љубов трагаме, ги пронаоѓаме и ги гледаме...Снимиле толку многу, што остана дури денес да се гледа...Ветено сторено, по втор пат дирекно од архивата на Лазар Бараков ја добив и втората приказна, за некои како гром од ведро небо, за некои можеби не гледана цели 20 години па заборавена...еве ја КАДИЈАТА И СИРОМАВИОТ за прв пат на интернет и воопшто во етер меѓу гледачите!!! Благодарност до големиот човек, наш секогаш единствен Lazar Barakov​ кој со еден збор ги пронајде сите овие ремек дела!!! Горан Марковски - одговорен уредник на страницата на Ѓорѓи Колозов! (Приказнава незнаев ни дека постои!!!)

Комментарии

Информация по комментариям в разработке