Национално Богатство | National Treasure (2004)

Описание к видео Национално Богатство | National Treasure (2004)

https://www.midb.mk/film/national-tre...
НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО
Од Џери Брукхајмер, продуцентот на „Пиратите од Карибите“ и од Џон Туртелтауб, режисер на „Феномен“, пристигнува „Национално богатство“, возбудлива авантура со добитникот на „Оскар“, Николас Кејџ, во улогата на Бенџамин Френклин Гејтс. Уште од мало момче, Гејтс бил опседнат со тоа да го најде легендарното богатство на витезите темплари, најголемото богатство во историјата на човештвото. Додека Гејтс се обидува да најде и да дешифрира древни загатки што ќе го доведат до него, закана му претставува еден безмилосен непријател (Шон Бин) кој го сака богатството за себе. Во трка со времето, Гејтс мора да го украде најсветиот и најчуван документ во Америка, Декларацијата за независност, која претставува клучен доказ за мистеријата, или пак да остави таа да падне во опасни раце. Возбудливи бркотници, извлекувања за влакно, додека ФБИ ја претвора потрагата на Гејтс во највозбудливиот лов на богатство што сте го искусиле.

Актери: Николас Кејџ, Дијана Кригер, Џастин Барта, Шон Бин, Џон Војт, Ени Париз, Харви Кајтел, Кристофер Пламер, Рон Канада, Марк Пелегрино.

https://www.midb.mk

Комментарии

Информация по комментариям в разработке