Јовица Михајловски - „Кириличен поздрав“ според стихови на Влатко Стефановски

Описание к видео Јовица Михајловски - „Кириличен поздрав“ според стихови на Влатко Стефановски

Популарниот хит на Влатко Стефановски - „Кирилица“ доби нова визура преку интерпретацијата на нашиот Јовица Михајловски, специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“ кој се случи во КЦ Бруталиск во Скопје во организација на Трн, во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично писмо, а кои се основоположници на глаголицата.

Концептот и идејата за оваа преработка на „Кирилица“ како и за видео спотот се на Јовица Михаловски, на текст и музика на Влатко Стефановски, а музичката изведба е на Бранко Тасевски, виолина, Христијан Пазаркоски –хармоника, Климент Петрески- гитара и Јован Пазаркоски –контрабас.
Режијата и продукцијата се на нашиот Дениз Абдула и редакцијата на Трн.

Стихови:
„Еве острам моливи,
барам рими за нови стихови,
пишувам букви,
мали големи печатни ракописни и кирилични…
Весело пет во хор на жица и секој глас си има своја буква во нашата забука Кирилица
Читаме пишуваме во секоја прилика
Златно писми златни букви
Кирилица, Кирилица
Да ја сочуваме од секоја прилика
Нашата прва азбука Кирилица
Еј, Би, Си, Ди, И, Еф, Џи
Учиме странски јазици,
Но најважно од се е
А,Б, В, Г, Д, Ѓ, Е
Да не ги заборавиме,
Нашиот јазик е Македонски
Нашето писмо е кирилско,
Во аманет ни е оставено пред многу векови,
За многу векови- Кирилица.“

Комментарии

Информация по комментариям в разработке