Родната куќа на Јордан Пиперката (с. Козица, Кичевско)

Описание к видео Родната куќа на Јордан Пиперката (с. Козица, Кичевско)

Селото Козица се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на Кичевската Котлина. Козица е дел од старите населби во Кичевската Котлина. Под истото име се споменува во турските пописни дефтери од 1476/77 година, како дел од Кичевската нахија и имало 16 словенски христијански куќи.

Според податоците од 1873 година, селото имало 31 домаќинство со 118 жители христијани (Македонци). Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители.

Козица е родното село на славниот македонски војвода Јордан Пиперката (1870-1903).

Јордан потекнува од сиромашно земјоделско-сточарско семејство и уште од раните детски денови ја почувствувал сета горчина на тешкиот селски живот.

Детството го минал во времето на немири и превирања во Македонија. Буен и пргав по природа, тој многу се разликувал од своите браќа. Односот на турските власти тешко го поднесувал, а омразата кон нив растела. Познавајќи ја бујноста на својот син Јордан, татко му Силјан, иако притиснат од сиромаштијата и неможноста да го школува, го однел во Битола да учи фурнаџиски занает. Во Битола, Јордан не останал долго.

Опфатен од мислите за тешкиот живот на своето семејство, се вратил во своето родно село. Млад и неискусен, но подготвен да му се спротивстави на непријателот, кај Јордана се јавила желба за самостојност и ајдукување. Причини за ова имало повеќе, но непосреден повод била една неочекувана пресметка со група врсници од муслиманското село Другово. До неа дошло во еден пазарен ден кога Јордан сам се враќал од Кичево. Иако сам, тој се спротивставил, но од групата бил претепан.

Длабоко навреден од постапката, по враќањето в село, решил да излезе ајдук и да им се одмазди на напаѓачите. Од неговите најблиски бил советуван да не прави така, но Јордан се одлучил да замине на печалба во Софија уште со првата група соселани - печалбари. Таму го продолжил фурнаџискиот занает.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке