КИНИСА ДА ОДА О В'МБЕЛ НА ГОСТИ - МАКЕДОНИЈА

Описание к видео КИНИСА ДА ОДА О В'МБЕЛ НА ГОСТИ - МАКЕДОНИЈА

В'мбел е поранешно село во Егејскиот дел на Македонија, Костурско.
Селото се наоѓа на 2 километри северозападно од с. Смрдеш, на 54 километри југозападно од градот Лерин и на 40 километри северозападно од градот Костур во подножјето на планината Корбец и врвот Козич во областа Корешта.
Селото се споменува за прв пат во османски тефтер од 1530 година под името Вимбил со 84 семејства.
Во XIX век В'мбел е чисто македонско село. Црквата „Свети Димитар“ е од 1871 година. Веднаш по Граѓанската Војна во Грција во опустошеното село дошол митрополитот костурски со двајца полицајци и ги земал со себе старите вредни икони од црквата. По неколку години митрополитот загинува во сообраќајна незгода, едниот од полицајците се самоубива а на другиот, синот тешко се разболил.Овoj настан го знаат многу жители на Костур и околината. Во чест и слава на селото една улица во населба Автокоманда, Општина Гази Баба, во Скопје е именувана по селото В`мбел.
Киниса да ода о В'мбел на гости

Киниса да ода,
о В'мбел на гости.
Ојду дур де ојду,
до белата чешма.

Седна да почина,
вода да с'напија.
Аберо ми дојде:
„Врни се невесто“.
Момчето ти дојде,
дома не те најде.
Туку ми те најде
у мајка на гости.
Пљусна бели р'ци,
п'лни бележици.
Леле јаска ж'лна:
кој ќе му ја дади
белата промена?
Кој ќе му ја дади
белата промена,
со севда правена?
Нека му ја дади,
Зоња Кољовица
и јатрва Кираца.

Забелешка: В'мбел е поранешно македонско село во Егејска Македонија, кое се наоѓа непосредно до албанско - грчката граница, на 1.5km северо-западно од селото Смрдеш (денешно Кристалопиги). Селото е комплетно разурнато за време на Граѓанската Војна во Грција (1946 - 1949).

Песната во видео записот е на Ристана Николова - Рина.

  / nikola.mladenov.70  
@nikola.mladenov.70

Комментарии

Информация по комментариям в разработке