Земјина орбита и оска - Ден и ноќ - Природни Науки II одделение NASA I SPACE

Описание к видео Земјина орбита и оска - Ден и ноќ - Природни Науки II одделение NASA I SPACE

Ова е нашиот сончев систем составен од 8 планетии секоја од нив се врти околу сонцето.
Ова е нашата планета земја, таа секои 365 дена прави цел круг околу сонцето. Патеката по која се движи Земјата, вртејќи се околу сонцето се вика орбита.
Невидлива за окото, таа е постојана патека околу едно небесно тело. Земјата се движи на два различни начини. Земјата орбитира околу Сонцето еднаш годишно и ротира околу својата оска еднаш дневно. Земјината орбита прави круг околу Сонцето. Во исто време додека Земјата орбитира околу Сонцето, таа исто така се врти и околу себе. Во науката тоа го нарекуваме ротирање околу својата оска.
Земјата се врти околу својата замислена оска,во спротивна насока од движењето на стрелките на часовникот. Еден круг го прави за 24 часа. Важно е да се запамети дека сонцето не патува низ небото. Така изгледа бидејќи Земјата се врти. Бидејќи Земјата орбитира околу Сонцето И ротира околу својата оска во исто време, ние ги доживуваме годишните времиња пролет лето, есен и зима.
Тоа се случува затоа што Земјата се врти околу својата оска, па еднаш е свртена накај Сонцето, а друг пат не е. Таа појава се вика ден и ноќ. Кога Сонцето ја осветлува едната половина од Земјата, таму е ден. На неосветлената половина е ноќ. Тоа се случува за едно деноноќие, односно за 24 часа


И како последица на вртењето на земјата,се јавуваат појавите: ден и ноќ. Дали сте се запрашале зошто постојат денот и ноќта? Зошто некогаш го гледаме сонцето на небото, а некогаш месечината? Тоа е затоа што планетата земја е сфера која кружи околу сонцето, а истовремено ротира околу својата оска. Како што земјата ротира, така половина од неа го гледа сонцето, а другата половина се наоѓа во сенка. Тоа ни ги создава денот и ноќта и менувањето на сенките во текот на денот.
Друга појава предизвикана од ротацијата на Земјата е должината на нашите сенки. Сенките се подолги попладне отколку напладне. Ако ги проучувате сенките и нивниот изглед во текот на денот, преку нив можете да дознаете кое време од денот е.
Ако ви се допадна видеото претплатете се за повеќе видеа со ваква содржина.

#space #stars #astronomy #astrology #telescope #youtubekids
#Млечен пат
#Географија
#Природни науки
#Прво до осмо одделение I-VII
#Интересни факти
#Паметни деца
#Ученици
#northmacedonia
#youtubekidsmacedonia
#nasa

Комментарии

Информация по комментариям в разработке