Montaza na inoksen odjak

Описание к видео Montaza na inoksen odjak

Иноксниот оџак се монтира лесно и едноставно доколку иноксниот оџак е квалитетен и направен според стандардите. Доколку производството е несоодветно, се јавуваат проблеми и потешкотии при вклопувањето на елементите еден во друг и дихтувањето. Затоа купувајте од проверено место како нашето 😀 За нашата понуда видете на https://rojalinvest.com.mk/odzaci

Во продолжение кратко упаство како се монтира еден иноксен оџак. Напомена: Монтажата снимена на видеото е за мала висина на оџак до 4м. Доколку се монтира поголема висина од 4м потребно е да се постави фундамент-основа, дел кој е достапен за набавка од нашиот асортиман.

Чекор 1: Спремете ги елементите за иноксниот оџак и потребниот алат.
- Потребни елементи: Цевки, Т-рачва, капа, држачи и стеги. Гумички во оџакот се поставуваат за оџаците за пелет додека кај оџаците за дрва се поставуваат после третиот метар должен. Дополнително може да се потребни колена од 90° и 45° за да се избегне симсот. Ако се буши симсот за цевките да поминат низ симсот-колена не се потребни. Ако оџакот е над 4м се поставува постоље од инокс како основа.

-Потребенниот алат зависи од типот на фасада, ѕидот, симсот и објектот каде ќе се монтира оџакот. Во најголем број случаи потребни се хилта или бурмашина со круна за да се избуши дупката во ѕидот. Круната треба да биде со соодветното Ф како Т-рачвата(Ф150/200/250)
Исто потребни се метро за земање мерки, лабела за поставување под прав агол на цевките, молив за бележење, штрафилица со штрафови и типли соодветни за фасадата/ѕидот каде ќе се штрафат држачите. А да, и ставете ракавици зашто иноксот може да ве исече.

Чекор 2: Земете мерки и обележете
-Обележете каде ќе биде Т-рачвата и во кој дел од ѕидот ќе биде спојувањето со внатрешните ќумци. Тука можете одвнатре да избушите една дупка низ ѕидот со цел најпрецизно да обележите каде ќе биде поставена т-рачвата.

Чекор 3: Направете дупка во ѕидот
-Со круна или хилта направете дупка во ѕидот каде се обележа претходно. Дупката треба да биде соодветна на големината на т-рачвата. Низ оваа дупка ќе биде спојувањето на т-рачвата со ќумците одвнатре.

Чекор 4: Поставете ја т-рачвата и обележете за цевките.
-Поставете ја т-равчата во дупката што ја направивте. Поставете розетна(опционално) Со метро обележете каде ќе биде првиот држач. Првиот држач поставете го непосредно над т-рачвата(20-30cm)

Чекор 5: Поставете го првиот држач заедно со цевката.
-На обележаното место заштрафете го првиот држач, поставете ја цевката во т-рачвата со тоа што ќе "легне" на држачот. Поставете стега на спојот помеѓу цевката и т-рачвата. Стегнете ја цевката со држачот со помош на штрафовите.

Чекор 6: Поставете ги останатите цевки и држачи.
-Истото го повтарате се додека не ја постигнете посакуваната висина. Се поставуваат држачите во ѕидот на секој 3м, цевките се поставуваат на држачите. На секој спој се поставуваат стеги.

Чекор 7: Поставете ја капата
-Симсот може да се буши и да се помине низ него со цевки или да се заобиколи со колена од 90° или 45° зависно од ситуацијата. Ако се избегнува со колена се поставуваат колената на последната цевка од оџакот, се поставуваат стеги на секој спој и на крај се поставува капата исто со стега. Внимавајте оџакот да ја има потребната висина за да нема понатамошни проблеми. За потребната висина имаме пишувано на https://rojalinvest.com.mk/kolku-treb...

Чекор 8 : Поврзете го оџакот со ќумците
-Најзбунувачкиот дел од монтажата е поврзувањето на ќумците од внатрешниот дел со оџакот надвор. Т-рачвата со приклучниот дел, веќе треба да е во ѕидот. Зависно од дебелината на ѕидот, можеби ќе треба да се постави во дупката од ѕидот цевка со изолација од 25cm-50cm, која ќе се поврзе од едната страна со т-рачвата а со другиот дел со ќумците. Или ако е можно поврзете ја ќумката дирекно во т-рачвата. Доколку ќумката е со различна големина од т-рачвата се докупува редуцир со дупли ѕид, кои ги имаме во повеќе варијанти. Со редуцирот елегантно се поврзуваат ќумката и т-рачвата или цевката што се во ѕидот.

Ова е упаство за најчестиот тип на монтажа на иноксен оџак-однадвор. Секако има повеќе опции, на монтажа зависно од објектот. Видете тука ги имаме пишувано за начините на монтажа https://rojalinvest.com.mk/nachini-na...

Комментарии

Информация по комментариям в разработке