Karavan Titov Veles 1975 god.

Описание к видео Karavan Titov Veles 1975 god.

Велес — град во Македонија и центар на истоимената општина. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители (2002 г.). На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје (54 км), на североисток се наоѓа градот Свети Николе (34 км), на исток се наоѓа градот Штип (43 км), на југозапад се наоѓа Прилеп (79 км) и на југоисток се наоѓаат Кавадарци (43 км) и Неготино (40 км). Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крстопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.

Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вилазора. Подоцна во Отоманското Царство градот се преименувал со името Ќупурли, кое подоцна било заменето со денешниот назив. За време на СР Македонија, но и во првите години од самостојноста на државата, Велес се нарекувал со името Титов Велес, во чест на маршалот Јосип Броз - Тито. Велес како населба постоел уште од 168 година п.н.е. и се наоѓал нешто поисточно од денешната локација. Бидејќи градот има стратешка позиција, тој бил често мета на различни странски инвазии и окупации и бил дел од различни балкански кралства и држави, почнувајќи од Пајонија, па завршувајќи со СФРЈ.

Велес е значаен и познат по голем број работи. Градот бил дом на голем број македонски преродбеници, револуционери, писатели и поети и тој е една од лулките на македонската култура, а низ историјата се среќава како град на првиот театар во Македонија, град каде што настапила првата глумица, учителката Тенка А. Коларова во популарната мелодрама „Многустрадалната Геновева“ во 1875 година, град на првата библиотека, првата гимназија, првото музичко училиште, како и првиот музеј. Градот е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е еден од индустриските центри на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке