Вистината за Солунските Атентатори и мадам Мадлен | Гемиџиите | Solunskite Atentatori i madam Madlen

Описание к видео Вистината за Солунските Атентатори и мадам Мадлен | Гемиџиите | Solunskite Atentatori i madam Madlen

Приказната За Мадам Мадлен И Солунските Атентатори | Гемиџиите | Solunskite Atentatori Madam Madlen



Кружокот на гемиџиите се формирал со идеја со саможртва да се помогне на револуционерното македонско движење.

Членовите на кружокот биле анархисти – пацифисти и либерали кои сметале дека општеството може да биде организирано во ред без контрола.

Водач на кружокот бил Јордан Поп Јорданов – Орце (1881 – 1903), помал брат на Миле Поп Јорданов (опеан во народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“). Орце бил душата на кружокот, млад, интелигентен, начитан, со силна волја. Неговата верба во исправноста на избраниот пат – жртвата за татковината, е водилката во делото на Гемиџиите.

Потесниот круг гемиџии биле: Димитар Мечев-Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, сите од Велес, Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид



Другите членови на кружокот биле: Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Цветко Наумов и др.

Планирање на акциите
Планот на Гемиџиите од последното советување одржано надвор од градот бил: да се потопи францускиот брод, да се минира пругата во близина на солунската станица, да се запали резервоарот за газија од којшто се осветлувал градот, да се дигне во воздух Отоманската банка, да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темнина требало да биде знак за почетокот на акцијата.

***Copyright НАПОМЕНА:
Сите видеа на овај канал се во сопственост на Австралиски живот.Секоја употреба,дистрибуција или преземање на истите не е дозволена без претходно одобрување. (вклучивајќи ги и т.н реакциски видеа)



Текот на акциите бил следен:

На 28 април Павел Шатев го потопил со динамит францускиот брод Гвадалкивир. Акцијата била успешна, бродот бил запален, а патниците сите до еден спасени.

Десетина минути по изгаснувањето на осветлувањето, Jордан Поп Јорданов (Орце) ја крева во воздух зградата на „Банк Отоман“ во градот.

Во истото време Милан Арсов фрлил бомба во кафеаната „Алхамбра“, а Владимир Пингов пред вратата на Топхането (турската државна управа) и е застрелан од војници.
Костантин Кирков фрла бомба пред солунскиот „Гранд хотел“.
На 30 април Кирков прави обид да ја крене во воздух солунската телеграфско-поштенската станица, но е убиен од многубројната турска полиција.Истиот ден во борба со турската војска и полиција загинува и Jордан Поп Jорданов.
На 1 мај, Илија Трчков фрла неколку бомби на централната улица во Солун.
Димитар Мечев фрла бомба пред хотелот „Египет“, а Георги Богданов ја крева во воздух кафеаната „Ноја“. Мечев и Трчков се убиени од турската полиција, а Богданов е уапсен.

Истиот ден Цветко Наумов (од Ресенските гемиџии) прави обид да го убие солунскиот валија Хасан Фехти паша. Откако не успева, се самоубива активирајќи бомба.
За време на атентатите се убиени: Јордан – Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Наумов, а уапсени се: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие отпрвин се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Фезан (Африка).Од сите нив жив останува само Павел Шатев кој е амнестиран 1908 година по Младотурската револуција. Подоцна, тој ги запишува спомените за Солунските атентати и за своите другари. Но, како и многу други наши големи луѓе од минатото и тој за време на СФРЈ завршува неславно.
Судбината на Павел Шатев
Пред крајот на Втората светска војна Павел Шатев е избран за делегат на Првото заседание на АСНОМ и се вклучил во политичкиот живот на македонската држава. Прво е избран за потпретседател на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија.
Но, за време на Информбирото, во јуни 1949 година Шатев е уапсен „како потенцијален непријател на државата“ без конкретно обвинение. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, а потоа е испратен во Битола, во домашен притвор. Таму бил сместен во трошна куќа каде не го посетувал никој, освен човекот што секој втор ден му носел храна.
Цело време бил сам, без огрев, на студено, во влага и мемла. Дење можел да шета низ градот, а ноќе се прибирал. Но, зимата 1950-51 се разболел, го сместиле во битолската болница во одделот за затвореници каде во јануари умрел, најверојатно од глад (барем така се расчуло).
Властите не дозволиле да биде погребан во родното Кратово и затоа е закопан на битолските гробишта, во присуство на само петмина, сопругата, сестра му и уште три блиски роднини

***Copyright НАПОМЕНА:
Сите видеа на овај канал се во сопственост на Австралиски живот.Секоја
употреба,дистрибуција или преземање на истите не е дозволена без наше одобрување (вклучивајќи ги и т.н реакциски видеа)

Комментарии

Информация по комментариям в разработке