Toše Proeski - Tu Ca Nun Chiagne (Ohrid 12.7.2003)

Описание к видео Toše Proeski - Tu Ca Nun Chiagne (Ohrid 12.7.2003)

Toše Proeski - Tu Ca Nun Chiagne (Ohrid 12.7.2003)
...
ОХРИД - СРЦ "Билјанини извори" во Охрид во саботата навечер вриеше како во кошница. Испреплетени со мирисот на скара, ѓомлезе, американски крофнички, врескања од гондола и од куќата на хоророт, речиси истовремено со стартот на "Охридско лето" - почна и концертот на нашата најпопуларна ѕвезда, насловен „Охридска ноќ со Тоше Проески".
Иако тајмингот беше погрешен и предизвика низа трчаници од едно на друго место, испреплетени со блокади низ градот поради поминувањето на државниот врв, дружбата на Тоше со охриѓани, како дел од чествувањата на 100 години Илинден беше прекрасна. А кога на сето тоа ќе се додаде и бесплатниот влез, лесно можеше да се предвиди дека стадионските трибини ќе бидат претесни за да ги примат сите фанови на Проески. На концертот премиерно беше изведена илинденската песна „Заедно можеме", што Тоше ја испеа заедно со дел од нашата естрада - Угро, Александар Митевски, Бени, Верче Пандиловска, "Силви бенд"... Малку подоцна нашите ѕвезди имаа соло-настапи, а деби пред охриѓани забележа и Марија Нешковска, Австралијка со македонско потекло.
Блокот домашни изведувачи го заокружи гостинката од Италија - оперската пејачка Росела Редоља, која пееше арии од Верди, Чилеа, Пучини... Најпосле, повторно се појавува Тоше. И изненадување со оперска точка. Го гледаме и слушаме нашиот пејач во едно поинакво издание кое момент подоцна се претвора во класичен поп-концерт.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке