МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ИМА 61 ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕТО

Описание к видео МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ИМА 61 ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕТО

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ИМА 61 ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕТО

Лидерот на ВМРО-ДМПНЕ и мандатар на новата Влада, Христијан Мицкоски, вели дека три пратеници се приклучиле кон нивната коалиција и сега имаат 61 пратеник. Кои се тие не сакаше да каже, но рече дека многу скоро ќе се знае.

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’ ги заврши разговорите со неколку од пратениците коишто не се дел од коалицијата, и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник. Не можам да зборувам во однос на деталите, но многу скоро од денеска ќе ги дознаете деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна. Со задоволство можам да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник, но тоа нема да нè повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата ‘Вреди’“, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на Самитот Македонија 2025.

Мицкоски е оптимист дека ќе обезбедат и две третини во Парламентот заедно со останатите опозициски партии со кои преговаат да бидат дел од идната влада.

ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори освои 58 пратеници, а досегашната владејачка партија СДСМ 18. ДУИ ќе има 19 пратеници во новиот собраниски состав, албанската коалиција ВЛЕН (Вреди) 13 пратенички места, а Левица и ЗНАМ по 6 пратеници.

Мицкоски уште вечерта по завршување на изборите и објавувањето на првичните резултати кажа дека нема да коалицира со ДУИ, туку со албанскиот опозициски блок. Денеска работните групи на двете партии ја одржаа нивната прва средба за преговорите за составот на идната влада.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке