Тв Филм - Бог да ги убие шпионите

Описание к видео Тв Филм - Бог да ги убие шпионите

Пет века прогонство и борбата на Македонскиот народ за слобода и самостојна Македонска држава во која ќе царува слободата под еднакво за сите, создадоа свој мит и предание за себе. Борбите, страданијата, предавствата и саможртвата подоцна беа преточени и проткаени низ Македонските песни, раскази, приказни и драми. Тргнувајќи од таму Тв Филмот - Бог да ги убие шпионите, кој е снимен од страна на Македонската Телевизија во 1994 година, напишан од страна на сценаристот, д-р Владимир Плавевски, во соработка со режисерот Ацо Алексов точно по еден век од Македонската саможртва ни ги приближуваат настаните од тоа време. Како што вели и еден лик во филмот: "Зад секој херој има шпион, тој не умира додека не умреш ти". Така овај филм говори за најголемите предавства изроди Македонски кој за пари ги предавале нашите борци за слобода. Нејсе и по толку години историјата се повторува, Македонија е жртва. Едно е јасно, проклетството трае до ден денес зад секој херој има и шпион.
Во филмот настапуваат, главниот лик: Васил Шишков во улогата на Војдан, останатите главни ликови се: Благоја Спиркоски Џумерко, Душко Костовски, Бајруш Мијаку, Ељаса Хасо, Биљана Танески, Перо Арсовски, Чедо Христов, Салаетин Билал, Џемаил Максут, Митко Апостоловски, Мустафа Јашар, Крсте Јовановски, Кире Печијаревски, а почесни гости во филмот се Петре Прличко, Тодор Николовски, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Киро Ќортошев и Рамадан Мамут.
Филмот ми беше испратен од самиот сценарист, како поклон. Уживајте во Филмот. Пишувач на текстот - Горан Марковски. За секој добронамерен коментар благодарам од напред! Поздрав.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке