Тони Михајловски: Ќе ме утепа жена ми! /Nesto Konkretno S03E03

Описание к видео Тони Михајловски: Ќе ме утепа жена ми! /Nesto Konkretno S03E03

Колку со борбата за рамноправност жените заборавија на својата женственост и дали е убиена машкоста на момците? На оваа тема ексклузивни гости - Тони Михајловски, Димитар Атанасовски, Нина Јанева и Кристина Димитри.

Кристина Димитри вели дека жената кога чувстува потреба да се бори и да создаде се сама тоа значи дека зад себе имала неспособен маж, нагласувајќи дека тоа го зборува од искуство. На прашањето дали мисли оти таа подобро се развела или нејзиниот маж подобро се развел, таа искрено одговори дека она тоа го направи подобро.

Со оглед на тоа дека ги имавме и двајцата Тони Михајловски и Нина Јанева во иста емисија решивме да ја откриеме дилемата околу нивната наводна кавга за коментар во шоуто „Опуштено“. „Никад не сме биле скарани, тоа го зборуваат заради финтата на Тони ама ми се свиѓа што уште сме актуени со тоа“, рече Нина, а Тони додаде дека тоа е така бидејќи никој не успеа да смисли подобра финта.

На барање на водителката Снеже Велков и на задоволство на многу телевизиски гледачи Тони Михајловски за момент ја врати легендарната Верка-монтажерка во живот, барем за момент. Моментот погледнете го во емисијата на следните линк:

Димитар Атанасовски зборуваше за фотосесијата со неговата сопруга Сара Мејс каде се појавија по долна облека. „Јас се чудев кога не викнаа двајата, некој сакаше да плати по долен веш да ме види“, се пошегува тој и додаде дека било убаво искуство пред се поради тоа што првпат направил нешто такво, а воедно и во пар со својата сопруга. „Тоа е сосема нешто нормално во светот, а овде ретко кој се осудил на нешто такво и целата кампања беше наменета практично за да се покаже дека не треба да си совршен, а да си сепак горд на себе и на тој што е до тебе“.

0:00 Интро
0:47 Најава
1:17 Тони Михајловски
1:43 Нина Јанева
1:54 Димитар Атанасовски
2:10 Кристина Димитри
4:25 Разводи и венчавки
9:10 Димитар по долен веш
11:35 Колку е битна поддршката меѓу партнерите
12:25 Позади секој успешен маж сто ли поуспешна жена
16:56 Какви мажи бараат жените
26:05 Машко женски улоги
31:03 Предизвици за гостите
36:35 Актерска школа на Тони Михајловски
39:29 Приказната за Верки монтажерки
40:47 Подароци за гостите
42:10 Рамноправност меѓу жени и мажи
46:56 Одјава со Верка монтажерка

Комментарии

Информация по комментариям в разработке