Миовски успешен во Абердин, ќе заигра ли во најсилните лиги?

Описание к видео Миовски успешен во Абердин, ќе заигра ли во најсилните лиги?

Бојан Миовски, штипјанецот кој е хит во фудбалското првенство на Шкотска со своите настапи во Абердин, празниците ги минува во својот роден Штип. Разговорот со него го реализиравме на местото каде пред седум години првпат заиграл на фудбалскиот терен – на градскиот стадион во Штип.

-Овде беше мојот прв настап , во 2017 година, заиграв за Брегалница против Ренова. Всушност, јас започнав најпрвин во Мал Ајакс, играв футсал, но фудбалските почетоци се со Брегалница. Потоа, имав епизода во Работнички, каде не добив вистинска шанса, која пак стигна со ангажманот во Ренова. Потоа следуваше трансферот во МТК (Унгарија), и еве ме сега во Абердин – вели Миовски во разговорот за goce.mk , кој во целост можете да го погледнете во видеото.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке