Ирена Мулачка, автор на „Онкологија“ | Ни требаат новинари на кои интересот на граѓаните е приоритет

Описание к видео Ирена Мулачка, автор на „Онкологија“ | Ни требаат новинари на кои интересот на граѓаните е приоритет

Серијал на приказни за храбрите жени во македонското новинарство.
Ирена Мулачка, која јавноста ја знае во последниот период најмногу по истражувањето за скандалите на Онкологија, но претходно имаше уште неколку стории поврзани со здравството – за смртноста на бебиња на Гинекологија, за очна лекарка која направила преку 150 погрешни операции (случај „Перде“), со кои предизвика значително внимание и влијание за подобрување на состојбите.

Вели дека ни се потребни новинари кои ќе прават стории кои ќе предизвикаат промени, на кои приоритет ќе им биде јавниот интерес, интересот на граѓаните.

Во интервјуто за goce.mk, Ирена Мулачка говори за предизвиците со кои се соочила при изработката на сториите, притисоците, нападите, влијанието кое го предизивикаа, како и за фактот дека поголем дел од истражувачките стории се дело на новинарки.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке