„Патот на животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: За збунетите „верници“ и површната „вера“!

Описание к видео „Патот на животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: За збунетите „верници“ и површната „вера“!

Видео од радио емисијата „Патот на животот“ со презвитер Ивица Тодоров и Душко Кралевски. Емисијата е снимена на 25. 12. 2016!
Темата: „За збунетите „верници“ и површната „вера“!“ има за цел да ја отвори сериозната проблематика со која се соочува нашата помесна Црква (МПЦ - ОА) денес, а тоа е проблемот со неприфатливото непознавање на христијанската православна вера кај огромен процент наши сограѓани кои се декларираат како православни христијани и членови на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија!
Нам, како МПЦ - ОА, под итно ни е потребен модел кој ќе помогне во намалувањето на духовната непросветеност и загрижувачкото непознавање на содржината на Светото Писмо кај голем број наши верници и членови.
Се надеваме дека нашата горенаведена тема ќе помогне сериозно да се пристапи кон овој предизвик и проблем!
---
„Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен, а токму тие сведочат за Мене!“ (Јован. 5, 39)

Со овие зборови Месијата ни потврди дека целото Свето Писмо, односно, се што ни е откриено во него – ни сведочи дека овој свет и целото човештво - својата единствена смисла, вистина, цел и надеж на постоењето ја имаат во сето она што Месијата го направи и прави за нас, во сето она што Тој ни го вети, во сето она што Тој ни го покажа и докажа како вредност на постоењето.
По откупителната и сеослободувачка љубовна жртва на крстот и по своето воскресение од мртвите, Месијата на своите апостоли им го откри следното:
„Не требаше ли така да пострада Месијата (Христос) и да влезе во својата слава? Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им разјаснуваше што е кажано за Него во сите Писма (во сите свети книги)“ (Лука. 24, 27).
Па, затоа кога го читаме Светото Писмо, се што е запишано во него има свое објаснување, своја цел и смисла во личноста на Исус Христос (Јешуа Месија).
Без Месијата и без сето она што Тој го направи и прави за нас преку силата на Духот Свет во светата Црква – а во слава на на Небесниот Отец - целата содржина на Библијата не би имала никаква смисла! Во таков случај Светото Писмо би било слично на разните религиозни и философски книги од овој свет, но без ветување, без вистински Божествен авторитет и без решение на најсуштинските проблеми со кое се соочува човештвото! Единствено Месијата, Совечното Слово/ Син Божји – Кој стана вистински човек, може со сигурност да каже: „ЈАС СУМ Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. “ (Јован. 14, 6)
Единствено Тој може да вети: „ЈАС СУМ воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.“ (Јован. 11, 25)

Затоа Библијата е непобедливо и непоколебливо откровение на вечниот Творец и осмислувач на постоењето. Затоа таа треба да биде секојдневна духовна храна за оние што чекорат по Патот на спасението, но и за оние што сакаат на вистински начин да ја спознаат смислата и вредноста на постоењето, како во овој свет – така и на вечен план! И затоа, апостолот Павле премудро ќе напише:
„Целото Писмо е од Бога вдахновено и тоа е полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во праведност, за Божјиот човек да биде усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.“ (2. Тимотеј. 3, 16)

Комментарии

Информация по комментариям в разработке