„Патот на Животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: За целта и потребата на духовното раководство!

Описание к видео „Патот на Животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: За целта и потребата на духовното раководство!

Видео од радио емисијата „Патот на животот“ со презвитер Ивица Тодоров и Душко Кралевски. Емисијата е снимена на 20. 11. 2016!
Целта на емисијата е да ја објасни смислата и потребата на духовното раководство во Црквата!

„Бидејќи, кој човек знае, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во него? Па така, и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух.
Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не со зборови, научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно на духовни луѓе.
Душевниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух; за него тоа е безумство; и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита.
Духовниот, пак, човек испитува сè, а него никој не го испитува. Зашто, кој го познал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.“ (1. Коринтјаните. 2, 11 - 16)

„Ние сме му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда.
Според дадената ми од Бога благодат, јас, како мудар првоградител, поставив темел, а друг ѕида; само секој нека пази како ѕида. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, која е Исус Христос.“ (1. Коринтјаните. 3. 9 - 11)

„Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве поучам како мои омилени чеда. Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието.“ (1. Коринтјаните. 4. 14 - 15)

СРЕДБА НА ПАТОТ

Кога гледаме и Ти и Јас
кога не осветлува светлината на зората и мене и тебе
кога во ноќта го гледаме утрото, а во денот вечноста
кога околу нас природата се радува, а времето се шири за да исчезне
кога слушаме и Ти и Јас
како
ВЕЧНИОТ
во светоста и милината на љубовта
ни говори
тогаш да знаеш дека имаме средба
а средбата раѓа среќа кога патуваме кон животот
ЗАЕДНО.
Заедништвото за патникот е благослов
зашто најчесто ПО ПАТОТ се патува сам!

Комментарии

Информация по комментариям в разработке