Зошто Сашка Цветковска и ИРЛ одлучија да го истражуваат криминалот на олигарсите?

Описание к видео Зошто Сашка Цветковска и ИРЛ одлучија да го истражуваат криминалот на олигарсите?

Македонското новинарство живее години на сериозни предизвици, кои се закануваат да го внесат во длабока криза (која веќе и го има зафатено). Огромно влијание на политиката во новинарството, медиуми кои зависат од државни или општински пари и се претворени во мегафони на градоначалниците, министрите, јавните претпријатија, слабо платени и вреднувани новинари, и соодветно на тоа мал интерес од младите да влезат во новинарските води.

Во таква ситуација, светлите точки на македонското новинарство ги прават истражувачките стории кои се објавени во последните неколку години, и кои на јавноста и понудија информации за сериозни прекршувања на закони, за криминал, корупција...

Еден момент од целата оваа приказна за истражувачкото новинарство во Македонија и токму за овие стории кои предизвикаа голем интерес во јавноста, е дека значителен дел од нив се дело на жени. Ова беше доволен повод goce.mk да направи серијал во кој преку видео приказни ќе ги претстави новинарките кои оставија белег во македонското новинарство и кои и понатаму истражуваат, им даваат на граѓаните информации кои треба да им помогнат да донесуваат одлуки кои ќе бидат во нивен интерес.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке