Дрвенград - Емир Кустурица (видео разгледница)

Описание к видео Дрвенград - Емир Кустурица (видео разгледница)

Етно-културно-туристичката населба Дрвенград се наоѓа на врвот на брдото Меќавник во чие подножје е селото Мокра Гора, во Паркот на природата Шарган. Идеен творец на оваа единствена населба, или како што многу ја нарекуваат бајковито етно село, е режисерот и музичар Емир Кустурица. Инспирација за оваа необична населба добил додека во Мокра Гора го снимал филмот Животот е чудо. Идејата му била да создаде населба со совршен модерен начин на живот надвор од секојдневието, начин на живеење кој е во вечна борба против глобализацијата и капитализмот. Како што вели и самиот Кустурица: „Сакав да изградам село во кое имате впечаток дека отсекогаш се живеело, а всушност никогаш не се живеело таму“.

Комментарии

Информация по комментариям в разработке