„Патот на животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: Вера, Црква, политика, држава разбрани како едно!

Описание к видео „Патот на животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: Вера, Црква, политика, држава разбрани како едно!

Видео од радио емисијата „Патот на животот“ со презвитер Ивица Тодоров и Душко Кралевски. Емисијата е снимена на 13. 11. 2016!
Целта на емисијата е да посведочи, според Светот Писмо и позитивното човечко искуство, дека верата/ духовноста, Црквата, општеството, политиката и државата се една целина без која не може да се создаде просперитетно, здраво, морално, достоинствено, човекољубиво и Богољубиво општество!

СЕ Е ВРЗАНО во ГОЛЕМА ПОВРЗАНОСТ

Сме слушнале дека во овој свет се е врзано, а таа врзаност ни сведочи дека сите сме зависни од големата поврзаност.
Во големата поврзаност постојат недоброени животоодржувачки врски.
Ние, луѓето животоодржувачки сме врзани за воздухот, за водата, за енергијата што ја примаме преку храната, за убавината, за мирисот, за вкусот, за свежината, за топлината, за чудото и восхитот на постоењето. . .

Чудесно е единството промислено, создадено и благословено од ЕДНИОТ!
Чудесно е единството во материјалниот аспект на постоењето!
Чудесна е убавината на играта која ја врзува прекрасноста помеѓу духовното и материјалното, помеѓу видливото и невидливото, помеѓу разните фреквенции и нивоа на едното на ЕДНИОТ!

Но, современиот, од себе и од едното на ЕДНИОТ, отуѓен човек не ги разбира овие врски и истите секојдневно ги кине!
И затоа светот болува, убавината избледува, здравоста исчезнува, смислата се губи, целта ја нема, радоста тажи и исчезнуваат луѓето со златни срца!

Комментарии

Информация по комментариям в разработке