Рецепт за посна и мрсна сарма

Описание к видео Рецепт за посна и мрсна сарма

Посна и мрсна сарма

Потребни состојки:

За мрсната сарма:

1 кисела зелка
100 мл масло за јадење
1 струк праз, ситно исечкан
500 г мелено месо
100 г чадена сланина, ситно исечкана
50 г ориз
мелен црн пипер по вкус
2 лажички мешан сув зеленчук
вода, колку да се покријат сармите

За посната сарма:

1 кисела зелка
100 мл масло за јадење
2 струка праз, ситно исечкани
200 г сечкани ореви
100 г ориз
250 г свежи шампињони, ситно исечкани
мелен црн пипер по вкус
2 лажички мешан сув зеленчук

Начин на подготовка:

За да ја подготвите мрсната сарма, во тенџере на оган загрејте масло за јадење и додајте го исечканиот праз да се пропржи околу 5-7 минути. Додајте го оризот и пропржете околу 2-3 минути. Потоа додајте го меленото месо и чадената сланина. Добро промешајте и гответе околу 5 минути. Зачинете со мелен црн пипер и мешан сув зеленчук и промешајте. Тргнете го вака подготвениот фил за сарма на страна и оставете да се излади.

За да ги оформите сармичките земете листови зелка и на крајот од секој лист нанесете од филот. Страните внимателно превиткајте ги кон филот и превиткајте ги сармичките. Оформените сармички наредете ги во танџере или тава каде што долниот дел ќе го покриете со сечкана кисела зелка, за да не загорат сармичките. Кога ќе ги наредите сите сармички, ставете неколку листови зелка за да ги покриете сармите и полејте со вода, онолку колку да се покријат сите сармички. Со помош на огноотпорен сад поклопете ги сармичките и гответе во загреана рерна на 150 степени околу 1 час. При крај од печењето одстранете го садот и листовите зелка и оставете убаво сармите да се запечат 15-20 минути.
Сервирајте и уживајте во ова вкусно јадење за време на празниците.

За да го подгтовите филот за посната сарма, во тава на оган загрејте го маслото и додајте го ситно исечканиот праз. Гответе околу 5-10 минути додека комплетно не омекне, а потоа додајте го оризот, сечканите шампињони и сечканите ореви. Гответе уште 10 минути додека целата смеса не се зготви и зачинете со мелен црн пипер по вкус и мешан сув зеленчук.
За да ги оформите сармичките земете листови зелка и на крајот од секој лист нанесете од филот. Страните внимателно превиткајте ги кон филот и превиткајте ги сармичките. Оформените сармички наредете ги во танџере или тава каде што долниот дел ќе го покриете со сечкана кисела зелка, за да не загорат сармичките. Кога ќе ги наредите сите сармички, ставете неколку листови зелка за да ги покриете сармите и полејте со вода, онолку колку да се покријат сите сармички. Со помош на огноотпорен сад поклопете ги сармичките и гответе во загреана рерна на 150 степени околу 1 час. При крај од печењето одстранете го садот и листовите зелка и оставете убаво сармите да се запечат 15-20 минути.
Доколку постите овие сармички се одлично јадење кое може да се најде на вашата празнична трпеза оваа година.

Забавно готвење

Комментарии

Информация по комментариям в разработке